ФОТО: Средбата на „златниот“ Интер од 2010 година без Пандев и Ето

На денешен ден пред десет години Интер дојде до титула во Лигата на шампионите, а првотимците, некогашниот тренер Жозе Мурињо и некогашниот сопственик Масимо Морати имаа средба за да евоцираат спомени.

Поради пандемијата со коронавирусот целата средба одеше на Интернет, а фотогорафии споделија сите фудбалери што учествуваа.

Снајдер, Милито, Мота, Киву, Жулио Цезар, Самуел, Занети, Маикон... беа дел од видеото, а недостасуваше македонскиот фудбалер Горан Пандев заедно со камерунскиот голгетер Самуел Ето.

Горан Пандев е последниот Македонец кој ја освоил Лигата на шампионите.