Легендарен швајцарски репрезентативец го засилува спортскиот сектор на Шкендија!?

По неочекуваната рана елиминација, уште во првото коло во квалификациите за Конференциската лига, раководството на Шкендија веќе размислува за сериозна промена во спортскиот сектор.

Засега позицијата на тренерот Јетон Беќири е сигурна, но наводно ќе има промени во функцијата спортски директор, а таму може да седне добро познато име на европската фудбалска јавност. 

Се работи за поранешниот швајцарски репрезентативец Адмир Мехмеди. Оваа информација ја објави швајцарскиот медиум „Блик“, повикувајќи се на сигурни извори. 

33-годишникот, роден во Гостивар, пред нешто повеќе од една сезона ја заврши својата играчка кариера и веднаш седна на директорското столче на Шафхаузен. Но, таму се задржа само неколку месеци, поради кратење на буџетот во клубот.

Во играчката кариера Мехмеди беше дел од Цирих, Динамо Киев, Фрајбург, Баер Леверкузен, Волфсбург и Анталијаспор, каде што во 2023 година ја заврши кариерата. За Швајцарија играше десет години и настапи на 73 натпревари.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.