Легендарен хрватски дефанзивец е нов тренер на Велковски во Зрињски

Хрватската фудбалска легенда, Игор Штимац и официјално е нов тренер на актуелниот шампион на Премиер лигата на Босна и Херцеговина, Зрињски Мостар.

Иако искусниот тренер последните денови негираше дека ќе дојде во клубот од БиХ, сепак ситуацијата се промени и си подаде рака со раководството на Зрињски.

Ова ќе биде прв ангажман на Штимац во клупскиот фудбал по 2017 година, кога го водеше катарскиот клуб Ал-Шахани. Во меѓувреме, тој беше и тренер на индиската репрезентација, проект што заврши неславно. Се шпекулираше дека ќе ја преземе и кинеската репрезентација, но на крајот поранешниот хрватски селектор се одлучи за Зрињски.

Тоа значи дека некогашниот стопер на Динамо, Хајдук, Вест Хем и Дерби ќе биде новиот предводник на нашиот репрезентативец Дарко Велковски кој пред една седмица потпиша едногодишен договор со Зрињски.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.