• Саше Љолес
Управата на Јувентус вчера му се заблагодари на Масимилијано Алегри и ја прекина соработката со него, а денес веќе го најави новото тренерско име кое ќе го предводи првиот тим до крајот на сезоната.
Се работи за легендарниот уругвајски дефанзивец, Паоло Монтеро, кој е еден од милениците на навивачите затоа што скоро целата кариера ја мина во дресот на „старата дама“, а сега ќе има задача да го спроведе тимот во последните две кола, сѐ до назначување на новиот тренер.
„Паоло ја носи ДНК на Јувентус во себе. Тој е вистинска легенда на нашиот клуб и цениме дека во моментов е вистинско решение за нас“, стои во краткото соопштение од управата.
Јуве има уште два натпревари во Серија А (против Болоња и Монца), а сезоната ја круниса со освоениот трофеј во Купот на Италија, откако ја совлада Аталанта со минимални 1-0.