• Горан Упале

Познатиот ирски фудбалер Роби Кин, кој од летово го води Макаби, поради вооружениот конфликт побегна од Израел. Легендата на Премиер лигата преживеа вистински пекол во Тел Авив поради вооружениот конфликт меѓу Израел и Палестина. Според британските медиуми, поранешниот фудбалер на Тотенхем и на бројни други клубови во Премиер лигата, по нападот на Хамас, неколку часа поминал во бункер, по што успеал да „побегне“ во Грција и да си го спаси животот.
Роби Кин е тренер на Макаби од Тел Авив и оваа недела сигурно планираше да ја помине со семејството поради паузата поради репрезентативни обврски, меѓутоа Хамас во петокот почна со напади на Ерусалим, Тел Авив и други стратешки важни градови. Како резултат на тоа, Кин мораше да влезе во бункерот додека не помине опасноста, додека клубот контактираше со ирската амбасада и се обиде да му помогне на својот тренер да ја напушти земјата.
Славниот стрелец, кој постигна 126 гола во Премиер лигата и се наоѓа на 17. место на вечната листа на стрелци, летово ја прифати поканата од Макаби и всушност тоа му е прва вистинска тренерска задача, иако претходно кратко работеше во Индија. во 2017 година, каде и ја заврши својата играчка кариера.
Досега во Израел забележа четири победи и едно реми, со што неговиот Макаби го држи првото место на табелата, додека клубот се пласираше и во Конференциската лига, во која има една победа и еден пораз.