• Горан Упале
Грчкиот клуб Астерас по само три одиграни кола оваа сезона и официјално се раздели со досегашниот тренер Милан Раштавац.
Раштавац и Астерас брилијантно ја отворија сезоната, со победа на гости кај Панатинаикос (1-0), по што следеше пораз од Волос (1-0) и реми со Арис (1-1), а потоа управата се реши да направи радикален чекор – да го отпушти српскиот тренер.
Веќе е познато дека негов наследник ќе биде Роби Кин, всушност тој е најсериозниот кандидат да седне на клупата на Астерас.
Легендата на Премиер лигата и Ирска претходната сезона ја освои шампионската титула со Макаби од Тел-Авив, а во меѓувреме го напушти клубот од Израел и сега е пред преселба во Грција.