• Иван Димовски

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк е потенцијална замена за Џим Гудвин на клупата на Абердин. Шкотскиот клуб, во кој настапува Бојан Миовски, бара замена за досегашниот тренер, а една од опциите е легендата на „ѓаволите“.
Јорк неодамна замина од австралијската А-лига, каде што го водеше тимот на МекАртур. Според информациите од Островот, Јорк е заинтересиран за клупата на Абердин. Тој ќе се обиде да ги искористи конекциите на Сер Алекс Фергусон во шкотската средина и да ја добие работата.
Абердин внимателно ја разгледува замената за Гудвин. Миовски под негово водство играше одличен фудбал, даде 12 гола на 24 настапи во Премиер лигата на Шкотска. Се очекува штипјанецот да продолжи со добрите партии и под новиот селектор.