Легенда на Баерн размислува да си замине, проблем му е односот со Ковач

Томас Милер

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, размислува да си замине од клубот поради моменталната ситуација и малата минутажа.

30-годишникот ги помина последните пет меча на клупата за резерви, што му дава до знаење дека ја загубил довербата кај тренерот Нико Ковач. Хрватот има неколку опции во офанзивата кои почесто ги користи од германскиот репрезентативец. Милер дебитираше во првиот тим на Баварците пред 11 години, а има активен договор до 2021 година.

„Билд“ пишува дека тој ги известил челниците на клубот дека размислува да ја продолжи кариерата надвор од „Алијанц Арена“.

Баерн ја започна сезоната со променлива форма, но полека се врати на врвот на табелата во Бундеслигата. Досега освои 14 бода и се наоѓа на третата позиција.