Легенда на Баерн е нов тренер на Самсунспор, ќе дебитира во Скопје

Шкендија в четврток од 21:00 часот го пречекува Самсунспор во Скопје во рамките на плеј-офот на Конференциската лига. 

Турскиот прволига ќе се соочи со македонскиот првак со нов тренер, откако денес официјално го назначи Германецот Торстен Финк за нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот долгогодишен фудбалер на минхенски Баерн седнува на клупата на Самсунспор на местото на својот сонародник Томас Рајс, кому му беше врачен отказ по двата последователни порази овој месец во турското првенство.

58-годишниот Финк минатата сезона го предводеше белгиски Генк, а претходно во кариерата беше тренер на Сент Труден, Грасхоперс, Ал-Наср, Рига, Висел Кобе, Хамбургер, Базел и Австрија Виена.