ВИДЕО: Леганес не се откажува од опстанок, освои златни три бода со Валенсија

Шпански Леганес не се откажува од опстанокот и ќе се бори за истиот до самиот крај. Тимот дојде до златни три бода против Валенсија (1-0) на домашен терен и судбината ќе ја решава во последните две кола.

Три кола по ред Леганес е непоразен и се наоѓа на осумнаесеттото место, со три бода помалку од Алавес и позицијата која носи опстанок.

Единствениот погодок вреден три бода падна во првиот дел, од пенал. Сигурен реализатор беше Перез во 18. минута од мечот. Валенсија имаше шанса да изедначи во вториот дел исто така од пенал, но Парехо не го реализира ударот од белата точка.

Во следното коло Леганес гостува кај Атлетик Билбао, a Валенсија ќе се враќа во игра за Европа против веќе испаднатиот Еспањол.