• Иван Димовски
Фудбалерите на Лече освоија важни бодови во борбата за опстанок, откако славеа на гостувањето кај Каљари со 0-2 во 25 коло од Серија А.
- Извештај од натпреварот:
По израмнетото прво полувреме, гостите поведоа во вториот дел. Рикардо Сотил одлично нафрли од прекин, а Омри Ганделман највисоко скокна и со глава ја смести топката во мрежата за 0-1 во 65. минута.
Конечните 0-2 ги постави Илбер Рамадани. Албанецот го изненади голманот Каприле и погоди откосо по една мешаница.
Лече со овој триумф направи значаен чекор кон остварување на својата цел сезонава и стигна до 24 бода над опасната зона, а Каљари со 28 е 13.










