ВИДЕО: Лече го шокира Торино, Интер единствен перфектен во Серија А

Интер е единствената екипа со максимален број на бодови по три одиграни кола во Серија А. Торино, кој имаше голема шанса да му се приклучи, неочекувано загуби пред своите гледачи од Лече со 1-2 (0-1) во последниот натпревар од третото коло на Серија А.

  • Извештај од натпреварот: 

На „Олимпико“ во Торино, екипата од јужна Италија стигна до три бода со одлична реализација во двете полувремиња. Најнапред, Фариас во 35. минута ги доведе фудбалерите на Ливерани во водство, а откако домаќините израмнија преку Белоти од пенал, Лече имаше енергија за нов удар.

Резервистот Манкосу во 73. минута во вториот обид го совлада Сиригу, откако голманот на Торино одби во поле по првиот удар на Бразилецот. Во судиското надополнување настана полемика, откако ниту судиите, ниту ВАР-технологијата не видоа очигледен пенал за домашната екипа.

Ви пресрет на четвртото коло и миланското дерби следниот викенд, води Интер со девет бода, два повеќе од шампионот Јувентус и Болоња.