• Саше Љолес

Калчолигашот Лече објави дека ја прекинува соработката со досегашниот тренер Марко Џампаооло и на неговото место ќе доведе соодветна замена.
Оваа одлука на управата е малку изненадувачка, со оглед на фактот дека Џампаоло избори опстанок со екипата во Серија А, но заврши на седумнаесеттата позиција на табелата.
Џампаоло го презеде тимот во ноември минатата година и го наследи Лука Готи, со кого Лече беше во зоната на испаѓање. Под негово водство екипата обезбеди елитен статус и првпат во историјата се задржа во највисокиот ранг четири години по ред.
ФОТО/PHOTO: U.S Lecce
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.