Леао: За мене ЛШ вреди повеќе од плата од десет милиони евра

Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Рафаел Леао е еден од ретките фудбалери кои ги одбиле понудите од Саудиска Арабија. И покрај бројните понуди, Португалецот сепак реши да остане во Милано.

Леао вели дека сè уште не ги остварил своите соништа во Европа.

„Понуда од Саудиска Арабија? За мене Лигата на шампионите вреди повеќе од плата од десет милиони евра. Сè уште не сум ги постигнал целите за да се согласам да одам во таа лига.

Фокусиран сум и сакам да направам големи работи во Милан. Затоа потпишав нов договор пред неколку месеци“, изјави Леао.

Рафаел Леао започна одлично во новата сезона во Серија А. Португалецот беше единствениот стрелец во победата на Милан во петтото коло од Серија А против Верона.