• Саше Љолес
Екипата на Милан во добар ритам го започна натпреварот против Њукасл во Лигата на шампионите. „Росонерите“ одлично тргнаа и создадоа три-четири одлични шанси за гол, но Њукасл успеа да ги запре сите налети досега.
Најзрелата шанса ја имаше Рафаел Леао во 34. минута, кога истрча во простор и прими една одлична топка, но по серија дриблинзи, на крајот се обиде да шутира со пета, но се сплетка и падна на тревата, а Милан одново не успеа да поведе, иако го заслужи водството.
Милан и Њукасл играат навистина интересен натпревар на „Сан Сиро“. Италијанскиот тим е многу поблиску до водство на првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите.