Леао најави заминување: На Милан му дадов сѐ што знаев и можев!

Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао навести дека неговата етапа во Милан е при крај, откако во интервју за португалските медиуми истакна дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.

„Мислам дека му дадов на Милан сè што знаев и можев. Тоа е клуб кој многу ми помогна да пораснам како играч и како личност. Среќен сум што успеав да оставам трага во историјата на клубот, но сакам да се испробам во друга лига“, изјави Леао.

Неговите зборови веднаш ги поттикнаа шпекулациите за можно заминување од „Сан Сиро“ во текот на летниот преоден рок. За услугите на 26-годишниот офанзивец интерес покажуваат повеќе европски клубови, а како можни дестинации се споменуваат екипи од Англија и Шпанија.

Леао пристигна во Милан во 2019 година и во изминатите седум сезони стана еден од најважните фудбалери на „росонерите“. Во дресот на италијанскиот гигант одигра 291 натпревар и постигна 80 голови, освојувајќи ја титулата во Серија А и неколку индивидуални признанија.

Иако неговиот договор со Милан сè уште е на сила, се очекува во наредните недели да биде донесена конечна одлука за неговата иднина.