• Саше Љолес
Рафаел Леао уште еднаш покажа дека е неверојатно талентиран фудбалер и еден од главните носители на играта во италијанскиот гигант, Милан.
На натпреварот против Аталанта, Португалецот повторно ја покажа својата „магија“ и уште во третата минута од натпреварот постигна спектакуларен погодок од левиот агол, а веднаш потоа беше поздравен со стоечки овации од публиката на „Сан Сиро“.
- Голот на Рафаел Леао против Аталанта:
| GOAL: WHAT A GOAL BY RAFAEL LEÃO!!!
AC Milan 1-0 Atalanta pic.twitter.com/W1XmvkkDXw
— CentreGoals. (@centregoals) February 25, 2024
Со евентуална победа над Аталанта, Милан повторно ќе се врати на само два бода негатива во однос на второпласираниот Јувентус.