Леао го доби најбизарниот жолт картон и заработи казна: „Досега не сум видел вакво нешто“

Екипата на Милан по поразот од Јувентус во претходното коло експресно им се врати на победите во Серија А и со сигурни 2-0 славеше на натпреварот против вториот торински клуб. 

Стрелец на првиот гол за миланезите беше младиот Рафаел Леао, но поради бизарна причина португалскиoт офанзивец нема да биде во составот на Стефано Пиоли за следниот дуел на Милан во италијанската елита. Причината е поради акумулација на жолти картони, откако синоќа заработи опомена откако симулираше на средината на теренот.

„Морам да признаам дека досега не сум видел некој да симулира на средина од теренот и поради тоа да добие жолт картон. Штета што нема да можам да сметам на него на следниот натпревар“, изјави тренерот на „росонерите“. 

Следен предизвик за лидерот во Серија А е Каљари, натпревар кој се игра следниот викенд.