• Горан Упале
Без ниту еден македонски клуб и до овој момент со само неколку македонски фудбалери, се изврши ждрепката за новата сезона во второто по ранг натпреварување на УЕФА – Лигата на Европа.
Како и во Лигата на шампионите, така и оваа ждрепката беше автоматска и супер-компјутерот на УЕФА со само еден допир на копче ги извлече паровите за новата сезона. 36 екипи ќе одиграат четири домашни и четири гостински натпревари. Избегнати се дуели на екипи од истa држава, но и покрај тоа се очекува да има голем број на возбудливи моменти.
- Противници на екипите од првиот шешир:
- Противници на екипите од вториот шешир:
- Противници на екипите од третиот шешир:
- Противници на екипите од четвртиот шешир:
Календар за Лига Европа 2025/26:
1. коло – 24 и 25 септември 2025 година
2. коло – 2 октомври 2025 година
3. коло – 23 октомври 2025 година
4. коло – 6 ноември 2025 година
5. коло – 27 ноември 2025 година
6. коло – 11 декември 2025 година
7. коло – 22 јануари 2026 година
8. коло – 29 јануари 2026 година
Нокаут фаза:
Плејоф од нокаут фазата – 19 и 26 февруари 2026 година
Осминафинале – 12 и 19 март 2026 година
Четвртфинале – 9 и 16 април 2026 година
Полуфинале – 30 април и 7 мај 2026 година
Финале – 20 мај 2026 година (Истанбул)
Комплетниот распоред на натпреварите ќе биде познат најдоцна до недела, 31 август.

