ЛЕ ждрепка: Наполи ќе го предизвика Арсенал, Челзи ќе има лесна задача против Славија Прага

ЛЕ четвртфинале

По ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, се одржа и извлекувањето на паровите во истата фаза во второто по ранг клупско натпреварување, Лига Европа.

Големо дерби ќе одиграат екипите на Арсенал и Наполи, Валенсија и Виљареал ќе се судрат во шпанскиот дуел, Бенфика ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, а Челзи доби лесна задача и ќе се соочи со Славија Прага

Четвртфиналните парови сезона 2018/19:

  • Наполи - Арсенал
  • Виљареал - Валенсија
  • Бенфика - Ајнтрахт Франкфурт
  • Славија Прага - Челзи

Првите натпревари од оваа фаза ќе се одиграат на 11 април, а реваншите седум дена подоцна, на 18 април.

  • Патот до Баку: 

11 април: први четвртфинални средби
18 април: четвртфинални реванши
2 мај: први полуфинални средби
9 мај: полуфинални реваши
среда 29 јуни: финале - Олимписки стадион, Баку