ЛЕ ждрепка: Италијанско дерби во осминафиналето, првиот фаворит против Лил

Новата елиминациона фаза во Лига Европа носи уште поголема доза на возбуда и неизвесност, а денеска во Нион беа извлечени двојките што ќе се борат за место меѓу најдобрите осум екипи во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

По комплетирањето на плејоф-рунда, преостанатите тимови ги дознаат своите противници во оваа фаза, каде секој дуел може да биде решавачки во битката за европска слава. Ждрепката традиционално донесе интересни пресметки, како на пример италијанско дерби меѓу Рома и Болоња, додека првиот фаворит Астон Вила ќе се судри со Лил.

Четвртфинални парови:

Ференцварош - Брага
Генк – Фрајбург 
Штутгарт - Порто
Болоња – Рома
Панатинаикос - Бетис
Селта Виго - Лион
Нотингем Форест - Мидтјиланд
Лил – Астон Вила

Првите натпревари од оваа фаза се играат на 12 март, додека реванш дуелите се закажани за 19 март.