ЛЕ ждрепка: Гигантите се избегнаа, Рома налета на Брајтон, Ливерпул и Милан ќе патуваат во Прага

Плеј-офот во Лигата на Европа заврши без речиси поголемо изненадување, па така екипите кои што ја имаа фаворитската улога во тие двомечи останаа во игра за трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Денес во просториите на Европската куќа на фудбалот во Нион се одржа ждрепката за осминафиналната фаза во Лигата на Европа, која донесе неколку интересни парови. Ливерпул ќе се судри со Спарта Прага, Рома ќе има тешка задача со незгодниот Брајтон, додека Милан исто како Ливерпул ќе патува во Прага против тимот на Славија.

  • Осминафинале:

Спарта Прага – Ливерпул
Олимпик Марсеј – Виљареал
Рома – Брајтон
Бенфика – Глазгов Ренџерс
Фрајбург – Вест Хем 
Спортинг – Аталанта
Милан – Славија Прага
Карабаг – Баер Леверкузен

Oсминафиналните натпревари се закажани за на седми и четиринаесетти март. Финалето ќе се одигра во Даблин на 22 мај.