ЛЕ ждрепка: Барса може против Адеми и Ристовски, но и против Елмас

Денес од 13 часот нè очекува ждрепката од плеј-офот во Лигата на Европа. Во оваа фаза од второто по ранг натпреварување на УЕФА, ќе се судрат второпласираните екипи од групната фаза на Лига Европа и третопласираните од групната фаза од Лигата на шампионите, додека победниците од групите во Лига Европа обезбедија директен пласман во осминафиналето. .

Уште во оваа фаза може да видиме неколку возбудливи дуели, а интересно е тоа што гигантите Борусија Дортмунд и Барселона можат да играат против Динамо Загреб на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а може да се сретнат и со Наполи на Ељиф Елмас, што секако би биле исклучително добри дуели. Исто така може да има и судир меѓу Шериф, каде што настапува Бобан Николов со Динамо или Наполи.

Носители на ждрепката: Бетис, Брага, Динамо, Лацио, Наполи, Олимпијакос, Ренџерс, Реал Сосиедад

Неносители на ждрепката: Аталанта, Барселона, Дортмунд, Лајпциг, Порто, Севиља, Шериф, Зенит

Во оваа фаза од натпреварувањето не можеме да гледаме дуели на екипи од иста земја, па на ждрепката нема да можат да се сретнат Севиља - Бетис, Аталанта - Наполи, Аталанта - Лацио, Порто - Брага и Реал Сосиедад - Севиља.