• Мартин Танасковски

Уште осум екипи останаа во игра за титулата во Лигата на Европа. Претставници од седум земји ќе се борат за престижниот трофеј во натпреварувањето на УЕФА, а веќе се познати четвртфиналните парови.
Само Германија е со два претставника, додека по еден доаѓаат од Италија, Шпанија, Португалија, Франција, Шкотска и Англија. Ждрепката посака главниот фаворит Барселона да патува во Германија, кај Ајнтрахт Франкфурт.
- Четвртфинални парови на Лига Европа:
РБ Лајпциг - Аталанта
Ајнтрахт Франкфурт - Барселона
Вест Хем - Лион
Брага - Глазгов Ренџерс
Првите четвртфиналиња ќе се играат на 7 април, додека реваншите се закажани за 14 април. Потоа на програмата се полуфиналињата кои следат на 25 април, односно 5 мај. Финалето е закажано на 18 мај на стадионот „Роман Санчез Писхуан“ во Севиља, Шпанија.