• Горан Упале

По ждрепката за Лигата на шампионите која ни донесе неколку спектакуларни осминафинални дуели, во седиштето на УЕФА во Нион беа одредени и паровите од првата елиминациона фаза во Лига Европа.
Нашиот единствен претставник во ова натпреварување, Стефан Ристовски со својот Спортинг ќе се судрат со турски Башикшехир, интересно се очекува да биде на двомечот меѓу Олимпијакос и Арсенал, додека освојувачот на трофејот од пред две сезони, Манчестер Јунајтед за противник го доби Бриж, додека Интер ќе се сретне со бугарски Лудогорец.
Шеснаесеттинафинале во Лига Европа:
Вулверхемптон – Еспањол
Спортинг – Башикшехир
Хетафге – Ајакс
Баер Леверкузен – Порто
Копенхаген – Селтик
АПОЕЛ - Базел
Клуж – Севиља
Олимпијакос – Арсенал
Аз Алкмар – Ласк Линц
Бриж – Манчестер Јунајтед
Лудогорец – Интер
Франкфурт – Салцбург
Шахтјор – Бенфика
Волфсбург – Малме
Рома – Гент
Ренџерс - Брага
Првите натпревари на програмата се на 20 февруари, додека патниците во осминафиналето ќе бидат познати седум дена подоцна.