ЛЕ: Миовски против Јагјелонија, Серафимов може со „џелатот“ на Вардар

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди можните двојки за третото квалификациско коло во Лига Европа, второто по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал. Натпреварите ќе се играат на 6 и 13 август.

Бојан Миовски и неговиот Ренџерс ја добија Јагјелонија од Полска. Никола Серафимов и Левски Софија може да играат со КуПС кој во 1. коло го исфрли Вардар од елитата, ако двете екипи испаднат од Лигата на шампионите. Секако, ова е само сценарио.

Шампионски пат:

Ларн/Црвена звезда – Иберија/Слован Братислава
Мјалби/Линколн – Омонија/Каират
Сабах/КуПС – Левски Софија/Крајова
Арарат/Шамрок – Егнатија/Цеље
Архус/Лех – Клаксвик/Жалгирис
Тун/Динамо Загреб – Викингур/Хапоел Бер Шева

Лигашки дел:
Тромсo/Храдец Кралове – Бешикташ/Митјиланд
Јагјелонија – Ренџерс
Динамо Киев/ПАОК – Хамарби/Андерлехт
Хајдук/Пафос – Салцбург
Сент Гален/Бенфика – Штурм/Хартс
Шериф/Макаби Тел Авив – Карабах/ЦСКА Софија
Твенте/Ференцварош – Фенербахче/Горник

Победниците ќе обезбедат пласман во плејофот, кој е последната пречка пред групната фаза на натпреварувањето, додека поразените одат во групната фаза на Конференциската лига.