• Мартин Танасковски
Двајца македонски репрезенти се дел од плејофот од Лигата на Европа, а учинокот беше половичен - едниот доживеа висок пораз, а вториот забележа поволно реми.
Полска Јагјелонија во чии редови настапува Дарко Чурлинов дома доживеа висок пораз од холандски Ајакс (1-4). Иако поведе прва преку Диегез, Акпом даде хет-трик, а еднаш погоди Годтс за славје на „копјаниците“. Чурлинов тргна од првата минута и го одигра целиот натпревар.
Дамјан Шишковски, пак, беше на клупата на Борац Бања Лука во изненадувачкото реми против Ференцварош (0-0) во Унгарија. Манојловиќ ја доби предноста од тренерот, а имаше добар меч со пет одбрани. Босанскиот тим предводен од екс-тренерот на Шкупи, Младен Жижовиќ, ќе брка историја на домашен терен и прво место во групите на Лига Европа.
На останатите натпревари, ПАОК го надигра Шамрок (4-0), слично беше и со Лудогорец против Петрокуб (4-0), победа забележа и Макаби Тел Авив над ТСЦ (3-0), а Андерлехт го освои Минск (1-0). Без победник заврши мечот ЛАСК - ФЦСБ (1-1), Елфсборг победи кај Молде (1-0), исто и Плзен против Хартс (1-0). Летонски РФС го доби АПОЕЛ (2-1).
Најефикасниот натпревар се одигра во Швајцарија, каде Лугано и Бешикташ одиграа 3-3.