Лажен аларм пред почетокот на мечот Република Ирска - Шведска

Gol.mk на EURO 2016

Во пресрет на мечот Репубика Ирска - Шведска во Париз, угледниот француски весник „Л'Екип“ јави за сомнителен пакет на стадионот, но брзо потоа јавноста добри смирувачка информација.

Противексплозивниот оддел на француската полиција излезе на лице место, но немаше потреба да интервенира, бидејќи заборавени се два ранци кои полицијата ги пребара, но во нив немаше ништо опасно.

Нема никакво вознемирување, напротив се слуша песна од ирските и шведските навивачи кои во зелена и жолто-сина боја го преплавија стадионот во Сент Дени.