Лазаров одличен, но ПСЖ и Раул триумфално се враќаат од Нант

Раул и неговиот ПСЖ зададоа значаен удар во Лигата на шампионите, со победата на теренот на европскиот вицешампион Нант со 31-35 (15-18). Мечот од 11. коло на најсилниот европски Куп ги оправда очекувањата, а гостите со водство во текот на целиот натпревар ја верификуваа супериорноста.

Дуелот започна израмнето, двата напади брзо реализираа до 4-4. Од тој момент започна првото бегство на „светците“. Генхајмер, Абало и Тофт Хансен погодија во серија и на 4-8, Анти побара минута одмор.

Домаќините не се созедоа, се разигра и Хансен, а Тофт Хансен погоди за највисоки +7 во 17. минута. Сепак, Лазаров и другарите имаа сили за кам-бек. Македонскиот ас постигна два гола, се разигра и Ривера и Белегер во 28. минута намали на 15-16. Повеќе концентрација во последната минута имаа парижаните, па Хансен погоди за 15-18.

Белегер и Ниокас ги искористија техничките грешки и Нант во 36. минута намали на -1. Следеа две „бомби“ на Хансен и одново момците на Раул поведоа со +3. Ривера и Лазаров одговараа, но разликата не се спушташе под три гола.

ПСЖ го одби и последниот напад на Нант и забележа важна гостинска победа од 31-35. Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Лазаров и Ривера со по шест гола, а кај ПСЖ одличен натпревар одиграа Абало со седум и Хансен и Тофт Хансен со по шест гола.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПортоПорто 0 0 0 0 0:0 0 0
1 Мешков БрестМешков Брест 0 0 0 0 0:0 0 0
1 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ВардарВардар 0 0 0 0 0:0 0 0
1 КиелцеКиелце 0 0 0 0 0:0 0 0
1 МонпелјеМонпелје 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ВеспремВеспрем 0 0 0 0 0:0 0 0
1 КилКил 0 0 0 0 0:0 0 0