Лазаревски: Само победа е опција на дуелот со Македонија ЃП

Екипата на Работнички се наоѓа во лоша форма во најважниот дел од сезоната во ПМФЛ.

Со четири порази и една рeми средба, „романтичарите“ паднаа во опасната зона и сега имаат само два бода предност во однос на Силекс и три од Беласица кои водат битка за опстанок.

Тренерот Баже Лазаревски е оптимист дека неговите фудбалери ќе ја прекинат црната серија против Македонија Ѓорче Петров во 34. коло, кое се игра овој викенд.

„Дојдовме во опасната зона. Едноставно мора да победиме. Заборавивме да победуваме на домашен терен, време е…Македонија ЃП е квалитетен тим, бодовите исто така им се потребни, но ние сме во ситуација кога немаме друг избор. Само триумф е опција и фудбалерите тоа навистина добро го разбираат. Мораме да реагираме соодветно“ , изјави предводникот Лазаревски.

Работнички ќе ги пречека „лавовите“ в недела со почеток во 16:30 часот.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 9 6 2 1 12:3 9 20
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 9 5 3 1 9:2 7 18
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 9 4 3 2 12:7 5 15
4 РеноваРенова 9 4 1 4 8:10 -2 13
5 ШкупиШкупи 9 3 4 2 9:7 2 13
6 ШкендијаШкендија 9 3 2 4 8:6 2 11
7 РаботничкиРаботнички 2 9 3 1 5 7:11 -4 10
8 СилексСилекс 1 9 3 0 6 9:13 -4 9
9 БорецБорец 1 9 2 2 5 7:15 -8 8
10 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 9 2 2 5 8:15 -7 8