Лазар Пеев е слободен, се раздели со лидерот во Втората лига

Македонскиот фудбалер Лазар Пеев во новата година ќе има нов клуб. Играчот од средниот ред се раздели со второлигашот Гостивар и е во потрага на нова средина.

25-годишниот фудбалер за врска беше дел од второлигашот во изминатата година. Но, двете страни решија да го раскинат договорот и така Пеев ќе бара нова средина каде ќе има минутажа.

Лазар Пеев важи за фудбалер со прволигашко искуство, играше за Силекс, Тетекс, Борец, Плачковица, Тиквеш, Кожуф, Локомотива, Маџари, Љубанци...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.