Лазар Пеев човек на одлука, Тетекс до минималец со Кадино

Екипата на Тетекс забележа важна победа во Втората лига - Запад и како домаќин беше подобар од Кадино (1-0), во дуел во рамки на осмото коло.

„Штофарите“ дојдоа до посакуваниот триумф во второто полувреме и се одлепија од дното на шампионатот во кој се вратија откако Лабуништа им го отстапи местото.

Единствениот гол падна од пенал, а човек на одлука беше Лазар Пеев кој во 64. минута се покажа како сигурен изведувач на најстрогата казна.

За Тетекс ова беше втора победа во новата сезона и тимот има шест бода во Втората лига - Запад. На табелата е пред Дрита со четири бода. Кадино, пак, го доживеа петтиот пораз.