ВИДЕО: „Лавовска“ победа на Лион, Монако далеку од трката за титула!

Екипата на Лион забележа права „лавовска“ победа над Монако (2-3) во рамките на Лига 1 и остана во борба за третото место на табелата кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

  • Извештај од натпреварот:

По дерби-поразот од Лил, фудбалерите на Лион се вратија во игра за едно од местата во најдобрата тројка со триумф до кој дојдоа со играч помалку. Монако беше импресивен, имаше пет победи во серија во францускиот шампионат, се до денес, кога на „Луј Втори“ падна во пресметката со директниот ривал.

Први во дуелот поведоа домашните. Монако дојде до позитива во 25. минута преку Воланд, а тоа беше резултат и на паузата. На стартот на вториот дел Депај изедначи на 1-1, па проблемите за гостинот навидум почнаа во 70. минута, кога втор жолт картон доби Какерет. Но, само седум минути подоцна, Лион изненадувачки поведе преку Марсело.

Пет минути пред крајот, голманот на Лион, Лопез, направи пенал кој во гол го претвори Бен Једер (2-2). Многумина очекуваа ремито да биде конечен резултат, ама се излажаа  - во 89. минута Черки ја казни грешката на Монако и ги постави конечните 2-3.

Монако по овој пораз останува трет во Лига 1 со 71 бод, но веднаш зад грб му е Лион со 70 бода. Борба за тронот водат Лил (76) и ПСЖ (75 бода). До крајот на Лига 1 остануваат уште три кола.