• Иван Димовски


Македонија Ѓорче Петров ги отвори настапите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со пораз кај шампионот Шкупи (1-2) и во следниот дуел против повратникот (сабота, 17:00) ќе атакува на три бода.
Првиот домашен меч во Ѓорче Петров ќе биде под императив победа за „лавовите“ на Бајрами. Посебен мотив за докажување ќе биде да се покаже дека летото за тимот беше добро, затоа што нема повредени играчи, откако во екипата се врати Арби Воша кој на претходната средба беше стартер. Победа, предводена од Бобан Бабунски, уште се бара себеси затоа што се воигрува тимот.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Македонија ЃП и Победа
Прилепчани, откако се вратија во прволигашкото друштво, носат нови играчи. Последните двајца кои ставија потпис доаѓаат од Африка – се работи за Џејмс Амасихоху и Амос Дадет, двајцата од Нигерија. Првиот игра во нападот и ќе биде задолжен за головите, додека вториот е во средниот ред. Јасен показател дека кај Победа „чкрипи“ во нападот е тоа што тимот нема постигнато гол на воведните две средби (Струга ТЉ 0-3 и Тиквеш 0-1).
Македонија ЃП и Победа последен пат во првенството играа во 2019 година. Прилепчани се во црна серија против овој противник затоа што на последните пет натпревари во сите конкуренции имаат пет порази. Последните две пресметки во ПМФЛ во сезоната 2018/19 беа ефикасни, со победи на Македонија ЃП од 3-0 и 3-1. Се очекува успех на домашните и овој пат, затоа што „лавовите“ не смеат да си дозволат стартен неуспех на домашен терен.