ВИДЕО: „Лавовите“ за малку не направија од готово – вересија во Брест

Екипата на Лион дојде до три бода кај Брест (2-3) во рамки на Лига 1, во меч во кој важеше за апсолутен фаворит и во кој за малку не направи од готово - вересија.

  • Извештај од натпреварот:

„Лавовите“ водеа сигурно, во еден момент од мечот имаа предност од три гола, но Брест се врати и во финишот за малку не дојде до реми исход на домашно тло.

Лион ги постигна трите гола на мечот во првото полувреме. Уште во 9. минута Пакета го отвори резултатот, потоа погоди Аруа по асистенција на Депај, за пред крајот на првиот дел Белкебла да направи пенал, кој во гол го претвори претходниот асистент Депај.

Брест во второто полувреме најпрво преку Шампањ во 53. минута намали на 1-3, а потоа погоди и Кардона (2-3), за во финишот да направи голем притисок пред голот на Лион и во целост да нападне за реми, ама затаи реализацијата.

Лион со оваа победа скокна на врвот во Лига 1 со 55 бода, исто колку и второпласираниот Лил кој има меч помалку. Трет е ПСЖ со 54 бода, па следи Монако со 49 бода.