ВИДЕО: „Лавовите" со хет-трикот на Карваљо го освоија Чаир

Македонија Ѓорче Петров триумфираше против Шкупи со 2-3, во последното коло од есенскиот дел на сезоната и ја продолжи позитивна серија по тренерската смена. На средбата одиграна во Чаир се играше допадлив фудбал со многу шанси на двете страни. Иако можеби Шкупи беше поконкретен, гостите ги искористија своите шанси и запишаа три бода кои ги носат на само бод негатив до третата позиција. 

Гостите од Ѓорче Петров поведоа уште во втората минута од натпреварот, кога конфузијата во одбраната на Шкупи ја искористи Карваљо Пауло Паду и го отвори резултатот (0-1). 

Во продолжението домаќините ја презедоа иницијативата и имаа неколку шанси, но не беа сигурни во завршницата. Двете екипи до крајот на полувремето ја тресеа гредата, а гостите среќно ја дуплираа предноста. Паду, сакајќи да нафрли ја погоди стативата, и топката ја мина гол линијата пред Алексовски да интервенира (0-2). 

По паузата Јусуфи по една контра го лобуваше излезениот Јовановски, за намалување на 1-2 во Чаир. Иако голманот на Ѓорче Петров ја стигна топката, само ја поттурна во мрежата.

Паду Карваљо го комплетираше својот хет-трик во 62. минута за водство на Македонија Ѓ.П. од 1-3. Јашаровски одлично го проигра Фернандо, кој одлично се уфрли и ја врати топката кај пеналтикот, каде што Паду ја сочека и смести над главата на Алексовски.

Ѓорчепетровци се обидоа да организираат неколку контри, но не се заканија посериозно. Шкупи повторно намали на гол негатива во 90. минута по контра нападот, кој го повлече Сенегалецот Оумар, Јурина реализираше од околу пет метри во празната мрежа, по одличното проигрување (2-3). 

Со оваа победа Македонија Ѓорче Петров ја заокружи својата најдобра есен во последните неколку години и ако вака продолжи напролет, пак ќе излезе на меѓународна сцена.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15