ВИДЕО: „Лавовите“ слават победа во баскиското дерби, Гарсија постигна генијален гол

Првото големо баскиско дерби во новата сезона на Примера заврши со победа на Атлетик Билбао против Реал Сосиедад од 2-0 (2-0). Со овие три бода „лавовите“ имаа волшебен старт на сезоната, ако се знае дека во првото коло на „Сан Мамеш“ падна Барселона со 1-0. 

  • Извештај од натпреварот: 

Ињаки Вилијамс во 11. минута го отвори резултатот, а Раул Гарсија со генијален гол во 28. минута ги постави конечните 2-0. Во продолжението домаќините беа поблиски до трет гол, отколку гостите од Сан Себастијан до првенец.

Атлетик е лидер со седум бода, исто колку што има и Севиља, која вечерва само ремизираше пред своите гледачи против Селта.