„Лавовите“ ремизираа со Пирин, Ренова загуби од Кораб

Екипата на Ренова доживеа изненадувачки пораз во пријателски натпревар, од второлигашот Кораб од Дебар (0-1).

„Гипсарите“ важеа за фаворити, арно ама мора да се помират со неуспехот. Единствениот погодок на натпреварот падна во 57. минута, а стрелец беше Муча.

Пријателски натпревар во Турција одигра Македонија Ѓорче Петров, која во меч со четири гола ремизираше со Пирин (2-2). „Лавовите“ имаа негатива од стартот, пред полувремето изедначија со гол на Тантуровски, а потоа со брз погодок на Петров во вториот дел направија пресврт, така што Пирин се спаси од пораз од пенал во 60. минута.

Тест имаше и Силекс, кој со головите на Костовски и Гроздановски славеше над Актобе со 3-0 (0-0). Тиквеш со 6-1 го совлада тимот на Питу Гули, со головите на Марио Илиевски кој постигна два гола, како и Ристовски, Мојсов, Делов и Илијоски.