• Мартин Танасковски

Екипата на Лион ќе направи тренерска промена и го менува актуелниот предводник Петер Бош, јавува весникот „Л'Екип“.
Францускиот великан е пет кола без победа и така падна на седмото место на табелата. Бош не ја преживеа оваа серија и раководството му врачува отказ по ремито во дуелот против Тулуз (1-1).
Лион веќе го одбра и новиот тренер. Подготвена е промоција за француската фудбалска легенда Лорен Блан. Така, тимот од Лига 1 ќе биде предводен од домашен тренер во периодот кој следи.
Промоцијата на Блан ќе биде во текот на утрешниот ден, а Лион со него ќе добие и целосно нов стручен штаб.