„Лавовите“ оптимисти, но само со перфектен реванш против Алашкерт можат до второ коло

Екипата на Македонија Ѓорче Петров мора да одигра перфектен натпревар доколку сака да ги продолжи настапите од квалификациите за Лигата на Европа. Попладне, пред својата публика го игра реванш мечот со Алашкерт, кој на првиот меч славеше сигурна победа од 3-1.

Во редовите на „лавовите“ владее позитивна атмосфера и голем оптимизам, но сето тоа треба да се преслика на терен и да се одигра меч над своите можности. Од таборот на македонскиот тим најавија максимална борбеност и доколку среќата им се насмевне Алшакрет може да падне и да се слави второ квалификациско коло во најмасовното натпреварување на УЕФА. 

Избраниците на Абрахам Кашманјан одиграа квалитетен натпревар во Талин и брзо успеаја да го скршат отпорот на македонскиот тим, но Јашаровски внесе надеж во таборот на „лавовите“, откако стрелаше во 52. минута, гол кој може многу да значи во овој двомеч. 

Дуелот меѓу Македонија ЃП и Алашкерт се игра денес од 16:30 часот, на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.