• Мартин Танасковски

Екипата на Македонија Ѓорче Петров има предност против Струга Трим Љум во финалето од Купот на Македонија (1-0) со гол од пенал.
Се играше 26. минута кога по еден шут на Попзлатанов, топката удри во раката на Кочовски, а судијата Стојчевски не се двоумеше и веднаш покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде стоперот Филип Мишевски и донесе предност.
Капитенот на Македонија ЃП го постигна седмиот гол за „лавовите“ оваа сезона и е прв стрелец на бранителот на титулата во Купот на Македонија.