• Саше Љолес
Екипата на Брест приреди мало изненадување и го совлада Лион со 2-1 (2-1) во натпреварот од 17. коло на француската Лига 1.
Сите три гола паднаа во првото полувреме, а најпрво резултатот го отворија домаќините со голот на Махди Камара во осмата минута. Предноста ја удвои Лудовик Ажорке седумнаесет минути подоцна, а конечните 2-1 беа дело на Џордан Верету во последната минута од судиското надополнување.
Вторите 45 минути донесоа поголема иницијатива на гостите, „лавовите“ ја држеа топката кај себе, но успеаја само уште двапати да се заканат во рамките на голот. Брест го издржа налетот и сосема заслужено го впиша седмиот сезонски триумф, додека Лион останува на 28 бода, доволни за петтата позиција на табелата.