„Лавовите“ на мегдан со „пандевци“ – кој до бодови на ФФМ

Еден од повозбудливите натпревари во второто коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде дуелот на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев, екипи кои играа во Европа, а сега се насочени кон домашните предизвици.

По елиминацијата од Лигата на Европа уште во првото коло, двете екипи почнаа да гледаат кон домашниот шампионат и истиот успешно го стартуваа. Македонија ЃП во првото коло славеше над Вардар, додека Академија Пандев победи со Шкендија. 

Откако ги победија најквалитетните екипи во шампионатот, двете екипи одат на мегдан една против друга. Традицијата вели, кога играат „лавовите“ и „пандевци“, секогаш има голови. На овој натпревар за струмичани нема да игра Миловановиќ кој е опернран, а на спротивната страна слична е ситуаицјата со Тантуровски.

Мeѓусебни натпревари на Македонија ЃП и Академија Пандев:
22.05.2019 - Македонија ЃП - Академија Пандев 2-2 (КУП)
14.04.2019 - Македонија ЃП - Академија Пандев 1-1
17.02.2019 - Академија Пандев - Македонија ЃП 3-0
21.10.2018 - Македонија ЃП - Академија Пандев 1-0
12.08.2018 - Академија Пандев - Македонија ЃП 2-1

Дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев стартува од 17:00 часот, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, а ќе го суди нашиот најдобар судија Александар Ставрев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 1 7 5 1 1 11:3 8 16
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 6 4 2 0 7:1 6 14
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 7 3 2 2 10:7 3 11
4 ШкендијаШкендија 2 7 3 1 3 8:4 4 10
5 РеноваРенова 2 7 3 1 3 6:8 -2 10
6 ШкупиШкупи 2 6 2 2 2 7:7 0 8
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 7 2 2 3 6:10 -4 8
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 7 2 0 5 8:11 -3 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5