ВИДЕО: „Лавовите“ го совладаа Берое, падна и атрактивен гол како на СП 1994

Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа на пријателски натпревар против Берое (2-1), на натпревар кој се играше на терените кај нашиот источен сосед.

„Лавовите“ одиграа допадлив натпревар и успеаја да слават со погодоците на Божиновски и Тантуровски во второто полувреме. Првиот погоди во 60. минута, додека вториот стрелаше во мрежата на противникот во 79. минута.

Инаку, натпреварот го одбележа перфектен погодок на Берое, кој падна во 8. минута. Стрелец беше Еуженио, кој го повтори ремек-делото од СП 1994 на романската легенда Илие Думитреску против Аргентина,

Македонија ЃП се подготвува за европскиот предизвик, прв по десет години, а противник во 1. коло ќе биде ерменски Алашкерт.