ВИДЕО: „Лавовите“ го гризнаа Силекс и обезбедија опстанок во ПМФЛ!

Екипата на Македонија Ѓорче Петров си ја заврши работата на едно коло пред крајот и обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако на домашен терен беше подобра од Силекс (2-0).

„Лавовите“ одиграа еден доминантен натпревар и диктираа темпо на игра против кратовчани, кои повеќе од едно полувреме не успеаја да создадат ниту една сериозна шанса кон голот на домаќинот. Со оваа победа Македонија ЃП има теоретски опстанок, но и е во игра за четвртото место на табелата во ПМФЛ, за кое во последната рунда ќе се борат четири тима.

Што се однесува до натпреварот, резултатот се отвори во 30. минута, кога погоди Тантуровски. Христијан Гроздановски од дефанзивата на Силекс погреши, Тантуровски украде топка и излезе пред голот на Ефремов, по што погоди со помош на стативата (1-0).

Македонија ЃП притискаше и по постигнатиот гол за предност, па успеа и вторпат да ја стресе мрежата на Ефремов. Додуша малку среќно, затоа што во 43. минута Христијан Кировски биеше силно од далечина, а голманот на Силекс лошо реагираше, па топката му побегна и заврши зад гол-линијата. Дека топката ја мина гол линијата сигнализираше помошникот, а главниот судија Јосип Бартон го потврди тоа и покажа кон центарот.

Во второто полувреме Македонија ЃП имаше неколку сериозни шанси, преку бразилските фудбалери на теренот кои се обидуваа да погодат атрактивно, но немаше реализација и недосасуваше завршниот пас. Еднаш Робсон Да Силва ја погоди и пречката, со еден силен шут откосо.

Македонија ЃП во последното коло гостува кај испаднатата Победа, додека Силекс ќе биде домаќин на веќе испаднатата Беласица, на Градскиот стадион во Кратово.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 1 7 5 1 1 11:3 8 16
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 6 4 2 0 7:1 6 14
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 7 3 2 2 10:7 3 11
4 ШкендијаШкендија 2 7 3 1 3 8:4 4 10
5 РеноваРенова 2 7 3 1 3 6:8 -2 10
6 ШкупиШкупи 2 6 2 2 2 7:7 0 8
7 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 2 7 2 2 3 6:10 -4 8
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 7 2 0 5 8:11 -3 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5