ВИДЕО: Лаутаро во топ-форма, Интер ја уништи Аталанта и граби кон титулата!

Екипата на Интер без поголеми проблеми славеше со убедливи 4-0 (2-0) над Аталанта во заостанатиот натпревар од 21. коло на италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ комплетно ја оправдаа фаворитската улога и го надиграа ривалот од Бергамо, со што го запишаа 22. триумф сезонава. 

  • Извештај од натпреварот: 

Вистински лидер на Интер беше капитенот Лаутаро Мартинез, кој одигра уште еден феноменален натпревар и беше главна алка во тимот на Симоне Инзаги. Аталанта приреди мало изненадување и постигна гол во 11. минута преку Де Кетеларе, но истиот беше поништен поради играње со рака. Веднаш потоа Интер стапи на сцена и комплетно го „размонтира“ гостинскиот тим. 

Најпрво Матео Дармиан начека еден „отпадок“ по одбиената топка на гостинскиот голман и ја затресе мрежата во 27. минута, а до истекот на полувремето во листата на стрелците се запиша и Мартинез, кој постигна феноменален погодок во 45. минута и обезбеди двојна предност за неговиот тим, 2-0. 

Стартот на вториот дел одново донесе иницијатива на домаќинот, а наградата дојде откако Интер доби пенал во 54. минута. Карнесеки го одбрани ударот на Лаутаро Мартинез, но веднаш натрча Федерико Димарко и го постигна третиот гол за Интер. Немаше Аталанта одговор за мотивираниот домаќин, а тоа го потврди и Фратези, кој стрелаше за 4-0 во 72. минута и го постави конечниот резултат на овој натпревар. 

Лидерот во Серија А дојде до големи дванаесет бодови предност во однос на Јувентус. Аталанта ја прекина убавата серија од осум натпревари без пораз и останува на 46 бода, доволни за петтата позиција на табелата. 

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Gian Piero Gasperini

    3-4-1-2