• Саше Љолес

Лаутаро Мартинез уште еднаш ги потсети навивачите зошто е капитен на Интер. Аргентинскиот голгетер постигна прекрасен погодок на натпреварот со Емполи и покажа дека знае да се „разбуди“ кога е најпотрeбно.
Напаѓачот доби топка од Николо Барела на околу 22-3 метри од голот на ривалот и биеше скоро „од место“ со неверојатно силен удар, доволно прецизен за да заврши во мрежата на гостинскиот голман Васкез.