ВИДЕО: Лаутаро конечно блесна, Интер со ШЕСТ ГОЛА против Кротоне се врати на врвот

Интер се врати на врвот на Серија А со денешните три бода во голеадата против Кротоне (6-2) во 15. коло. По подолг период три гола постигна Лаутаро Мартинез и помогна да се совлада жилавиот противник на домашен терен.

  • Извештај од натпреварот: 

Лудото и атрактивно прво полувреме започна со шок за Интер и неочекувано водство на гостите. По само 12 минути игра Занелато се најде на вистинско место и го отвори резултатот, но фаворитот експресно возврати и осум минути подоцна го израмни резултатот. 

Врската Лукаку-Лаутаро пак проработи и аргентинскиот ас погоди за израмнување на 1-1, додека домаќините преку автоголот на Мароне направија комплетен пресврт и го презедоа водството. Сепак, на полувреме се замина со егал резултат, откако српскиот дефанзивец Големиќ го совлада Хандановиќ од единаесет метри и ја врати неивесноста на натпреварот (2-2).

Италијанскиот стратег на клупата на „нероазурите“, Конте незадоволен од начинот на кој својот тим ги одигра првите 45 минути се реши уште на стартот од вториот дел да го освежи својот среден ред и во игра во внесе Артуро Видал, а тоа веднаш донесе резултат и Интер повторно поведе. Во 57. минута Брозовиќ итро асистираше до Лаутаро, а аргентинскиот голгетер повторно беше непогрешлив и по вторпат ја стресе гостинската мрежа. 

За да нема никакви дилеми до крајот „неразурите“ уште двапати ја затресоа противничката мрежа. Лукаку се надоврза на голеадата со прекрасна соло-акција, а Мартинез го заокружи одличното попладне со хет-трик во завршницата. Очајната одбрана на гостите попушти и кога Хакими пласираше неодбранливо за конечни 6-2.

Кротоне е првиот тим во новата сезона кој запишал двоцифрен број порази, кои му носат место во опасната зона. Интер, на спротивната страна, игра одлично и се врати на чело на италијанското првенство, во пресрет на денешното гостување на Милан кај Беневенто.