Лаутаро ги загрижи фановите: Сега сум среќен тука, но не знам што ќе биде утре!

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез долго беше поврзуван со Барселона и наводно беше пред заминување од Италија, ама на крајот остана на „чизмата“. 

Не беше тајна заинтересираноста на каталонскиот гигант, ама тие немаа пари да платат, па Аргентинецот немаше друг избор. Сега, пред дуелот со Шахтјор од Лигата на шампионите, тој даде изјава која може различно да биде протолкувана. 

„Секој ден работам на своето усовршување. Денес сум играч на Интер и сакам да дадам сè од себе за својот тим. Среќен сум, сакаме победи и да го одведеме Интер до трофејот. Не знам што ќе биде утре, но сега сум овде и среќен сум поради тоа“, изјави Лаутаро.

Оваа изјава може да има различни конотации, но привлече внимание бидејќи викендов Лаутаро Мартинез бурно реагираше откако беше заменет во мечот против Џенова, а дури беше толку лут што почна да удира по столчињата на клупата од теренот.