Лаутаро: Еспозито постојано напредува, а Интер е зрел за шампионскиот трофеј!

Капитенот на италијанскиот Интер, Лаутаро Мартинез, изјави дека е пресреќен после победата над Удинезе на гостински терен (0-1), најавувајќи дека неговиот тим максимално ќе се бори за шампионската титула сезонава. 

Аргентинскиот напаѓач ја погоди мрежата, па ги пофали соиграчите, а упати честитки и за младиот Пио Еспозито, кој асистираше при победоносниот погодок на „нероаѕурите“.

„Ова е многу важна победа. Знаевме што можеме да очекуваме на овој стадион, игравме против физички силна екипа која бори за секоја топка. Покажавме квалитет на теренот и го искористивме вистинскиот момент да постигнеме гол.

Пио Еспозито? Веќе сум кажал многупати, тој е фудбалер кој напорно работи и секогаш е достапен за тимот. Среќен сум за неговиот прогрес, но тука се и Маркус, и Бони, и сите останати фудбалери во тимот.

Колективот има одлична атмосфера, целиме кој највисоките дострели и зрели сме да го оствариме посакуваниот успех“, изјави Мартинез за официјалниот веб-сајт на гигантот од Милано. 

Интер е во одлична резултатска серија и нема пораз на последните девет натпревари, на кои забележа осум победи и само еден нерешен резултат. Во следните две кола се среќава со екипите на Пиза и Кремонезе.